Кога имате еден од оние денови кои популарно се нареува „bad hair day”, а немате време или пари да го посетите фризерот, пронајдете го спасот во овие неколку едноставни и елегантни фризури за кои ви требаат само пет минути и неколку шноли и ластичиња.
1. Заврзете ја косата од позади во ниско репче, а потоа сплетете лабава плетенка која ќе ја замотата околу репчето и ќе ја зацврстите со неколку шноли. Доколку го сакате лежерниот изглед, пуштете неколку прамени од косата.

2. Ако имате подолга коса, заврзете плетенка на страна, од вратот па надолу. Пуштете слободно неколку прамени околу лицето.

3. Подигнете ја косата во висок реп, но внимавајте да не ви штрчи од ниедна страна. Репчето замотајте го во вид на пунџа и прцврстете со неколку шноли. Внимавајте само пунџата да биде точно на темето, ниту превисоко, ниту прениско.

