Убавина

Неколку невистини за убавината

Советите кои ги добиваме не се секогаш вистинити. Сепак постојат и онакви кои се даваат без никаква основа, а дури некогаш може да предизвикаат спротивен ефект. Еве некои од нив:

Скубењето на седи влакна го зајакнува нивниот раст! Неточно! Седеењето на косата е соема природен процес и нема никаква врска со тоа дали ќе ги вадите влакната или не.

Последица на бричењето се задебелени влакна! Неточно! Со бричењето влакната не се вадат од корен за да имаме некакво влијание на нивниот раст. Со бричењето се трга еден површински дел кој кога ќе порасне новото влакно го прави визуелно подебело.

Ставањето на лед на лицето ги намалува порите! Неточно! Проширените пори не се јавуваат како резултат на температурата, затоа не се обидувајте да го спречите тоа со лед.

Ако се намачкаме со пиво пред сончање повеќе ќе поцрниме! Неточно! Спротивно, би требало да избегнувате да се мачкате и да пиете алкохол кога излегувате на сонце. Тоа ќе ја дехидрира вашата кожа на сонце, тоа ќе биде единствениот ефек.

Прекрстените нозе немаат влијание на здравјето! Неточно! Кога седиме со прекрстени нозе тоа ја изместува природната положба на колковите, кичмата, грбот, па затоа имаме главоболки, болки во рбетот, грбот, нозете…

Напиши коментар