Sweet Home

Неколку правила за дом како од списанијата

Нашиот дом е место кое ни претставува заштита, ни нуди мир и релаксација. Токму и така треба да го уредите. Постигнете го тоа со помош на овие неколку правила:

Се што е блиску до телото треба да биде квалитетно. Затоа одберете убави и квалитетни прекривки за креветите, а ефтини завеси.

Во секој дом е препорачливо да имате нешто “живо”. Одберете еден дел од домот кој ќе ви внесе свежина и живот. Ставете цвеќе или пак аквариум со риби.

Ритуалите кои го прават нашето секојдневие направете ги на убаво место. Трепезариските маси нека бидат удобни.

За малку помодерен изглед не ви треба магија, постигнете го тоа со неколку интересни и необични украси, како што се рамки за слика, перничиња, ламби и слично.

Напиши коментар