Без разлика на бројот на совети кои ги добивате од вашата мајка, баба, сестра… сепак чувствувате доза на неподготвеност и страв кога треба вашето бебе да се роди. Како и да е кога ќе го земете бебето во прегратка тогаш интуицијата и мајчинскиот инстикт ќе ве води. Но, има неколку совети кои треба да ги знаете:
Бебињата препознаваат емоции
Иако се мали, бебињата имаат способност да препонаат емоции на луѓето кои ги опкружуваат. Бебето кое има десет месеци може да ги прати луѓето и нивното однесување, па кога ќе се загледа во вас треба да знаете дека сте му посебно интересна личнсот.
Нивниот изглед се менува
Интересно е што цртите на лицето кај бебето може да се менуваат со текот на годините. Некои црти ги задржуваат, некои се менуваат целосно.
Бебињата знаат за ритам
Тие не само што знаат за ритам, туку и го паметат оној кој им се допаѓа. Па така знаат да се лулаат и да се движат во ритам на некоја музика која им се допаѓа.
Разлика помеѓу добро и лошо
Интересно е што бебињата на шест месеци веќе знаат да распознаат добро и лошо. Научниците на универзитетот Јеил направиле едно истражување во кое учествувале бебиња. На нив им била прикажана театарска претстава со кукли. На добрите ликови тие се насмевнувале, а на лошите правеле лути гримаси.
