Убавина

Неколку совети како да изгледате свежо

Сите ние, без оглед на тоа дали имаме проблематична или нормална кожа, понекогаш сме изгледале уморно. Ако вашата кожа нема сјај, а вие не сте се наспале добро и изгледате уморно, постојат начини на кои можете брзо и ефикасно самите да и ја вратите младоста и свежината на вашето лице.

Ако сте имале бурна ноќ и сте заспале а не сте ја тргнале шминката од вашето лице треба да направите добар пилинг и потоа да направите лицето да се чувствува полесно со ослободувањето на токсините. Кога го миете лицето тоа правете тоа со студена вода, за да ја одржите вашата кожа млада. Пред спиење одвојте време за да се погрижите за вашата кожа и обидете се никогаш да не заспивате со шминка.

Еднаш неделно измасирајте го лицето со крема. Кремата е најдобар пријател на вашето лице. Понекогаш е добро дури и ако имате масна кожа, да нанесете мрсна крема со цел лицето да биде блескаво. Ноќта е доволно долга за да кожата ги впие сите потребни состојки од кремата.

Сонот е исто така многу важен за да изгледате свежо. Немојте да спиете во неприродна положба, а перницата да не биде повеќе поголема од 10 сантиметри во висина за да имате подобра циркулација на лицето, но и за да ги спречите и брчките на вратот.

Ако вашите очи изгледаат отечено може да земете памук, да го намокрите и да го змрзнете, а потоа да го ставите  на вашите подочњаци. Со тоа отокот ќе се намали а вие ќе изгледате свежо.

Немојте да претерувате со количината на шминка ако сте исцрпени. Наместо тоа користите 3 основни работи – сјај, руменило и маскара. Руменилото може да биде со нежна нијанса за да добиете свеж и природен изглед. На усните можете да нанесете безбоен сјај или некоја друга нежна нијанса.

Напиши коментар