Убавина

Неколку совети за бебешка кожа

Научниците открија дека допирот кожа на кожа не прави среќни, а истовремено го намалува стресот и ја зголемува отпорноста на кожата во зима.

Прочитајте неколку совети за нега на Вашата кожа и кожата на вашиот партнер.

Нега во зима

До средината на зимата кожата станува се позатегната и безживотна. Ниската влажност на воздухот надвор во комбинација со сувиот воздух во домовите ја крадат влажноста на кожата. Дерматолозите за ваквото време предлагаат едно туширање во текот на денот, при што по туширањето оставете го пешкирот да ја впие водата без да го трлате по кожата. Нанесете лосион за тело додека кожата е се уште влажна

„Омекнете“ го вашиот партнер

Мажите имаат повеќе влакна на телото, а тоа придонесува за подолго задржување на лосионите за тело, маслата за тело… на нивната кожа. Затоа ним не им е потребна додатна хидратација. Сепак Вие можете да придонесете неговата кожа да биде уште поубава. Купете му гел за туширање со неутрален мирис. Најголема штета од зимата трпат рацете на вашиот партнер, затоа секоја вечер бидете нежни, искористете малку од вашата крема за раце, и на тој начин истовремено ќе им помогнете на кожата на неговите раце и ќе размените убави допири…

Две минутна масажа

Кажете му на Вашиот партнер да легне на грб, а Бие седнете или клекнете покрај неговата глава. На дланките намачкајте етерично масло по ваша желба и почнете нежно да го масирате неговиот врат и градите… по 2 минути сменете ги улогите. Вашата и неговата кожа ќе Ви бидат благодарни а Вие сигурно ќе добите повеќе од што сте очекувале.

Напиши коментар