Сакате да ослабете, а немате време и нерви за одење на фитнес… Доколку диетите кои ги пробавте немаат никаков резултат, и се уште имате проблеми со некој килограм повеќе, многу едноставно можете да го прикриете со мали трикови.
Фризура која одговара на вашето лице
Со избор на вистинска фризура можете многу едноставно да го истакнете обликот на своето лице и да направите тоа да не изгледа полничко, затоа што фризурата и бојата на косата која Вам навистина ви одговора, ќе ги измени и контурите на Вашето лице. Фризурата која одговара на Вашето лице ќе Ви даде елегантен изглед, и ќе направи да не изгледа воопшто полничко.
Инвестирајте во долна облека
Најважниот дел од женската гардероба е токму долната облека, со помош на која можете да направите Вашето тело да изгледа совршено. Со помош на соодветна долна облека многу лесно можете да го стегнете стомакот, изразите колковите и да дефинирате струк. За такво нешто навистина не е потребно одење во теретана, туку само соодветна долна облека.
Пронајдете свој стил
Кога барате облека, барајте ја онаа која одговара на облините на Вашето тело, а не облека која е моментално во мода. Исто така, доколку сакате да изгледате послабо носете високи потпетици, а таков изглед ќе постигнете во целост доколку се одлучите за облека со потемни нијанси.
Посебни додатоци
Доколку сакате да изгледате послабо, носете голема торба. Но, својот изглед дотерајте го и со раскошни огрлици, како и друг накит. Не претерувајте, но секако не заборавајте својот изглед да го дополните со некој ситен моден детаљ.