Убавина

Неколку трикови за полесно оформување на локни

За да имате убаво оформени локни не ви требаат скапи козметички третмани и препарати. Доволно е да знаете неколку едноставни трикови кои ќе направат за многу кратко време убаво оформени локни.

Мајонез

Мајонезот е многу мрсен. Тоа ќе го омекне влакното и ќе му олесни да се извитка убаво. На влажна коса нанесете мајонез, при тоа избегнувајте го коренот на косата. Оставете нека делува 15 минути и измијте се. Косата ќе биде мека и сјајна. Локните ќе се формираат сами.

Мед

Доколку не може да го поднесете мирисот на мајонез, тогаш пробајте го овој трик. Во едно литро вода ставете две лажици мед. Убаво промешајте да се растопи медот. На крајот од миењето посипете ја косата со оваа течност. Таа ќе биде доволно мека за локните сами да се оформат.

Вода и сол

Ова е добро познат трик. Во еден распрскувач ставете вода во која сте раствориле сол. Прскајте ја косата и помогнете си со рацете во оформувањето на локните.

Напиши коментар