ШоуБиз

Нема добредојде за Lady Gaga на Филипините!

Lady Gaga дефинитивно не била добредојдена кога пристигнала на Филипините во саботата вечер. Од прилика 200 млади католици ја пречекале во Манила, барајќи од неа да „ја почитува верата и да престане да богохули“.

Тие ѝ порачуваат не пејачката дека нејзината музика ги навредува, а особено песната „Judas“, која според нив, го исмејува Исус Христос. Нивните вредности биле сосема различни од тоа што го застапува пејачката.

Властите на оваа, генерално римокатоличка земја го одобриле одржувањето на концертите на Gaga, а исттреба да се одржат денес и утре. На сцената строго е забранета голотија.

На Филипините може да се одлежат дури шест години затвор ако се докаже дека навредувате нечија религија или раса.

Напиши коментар