ШоуБиз

Нема концерт за Lady Gaga во Индонезија!

По неколку недели шпекулирање, концертот на Lady Gaga во Џакарта, главниот град на Индонезија  е и официјално откажан.

Пред неколку дена на пејачката не ѝ беше дадена дозвола за одржување на концерт во овој град, од причина што исламските организации сметале дека нејзините настапи се премногу вулгарни.

Gaga се надевала дека можеби сеуште има шанси да го одржи концертот, но вчера, по заканите од страна на неколку исламски групи, концертот бил дефинитивно откажан.

–          Поради заканите кои се упатени во случај да се одржи концертот, Lady Gaga решила да го откаже неговото одржување. Не се работи за сигурност на пејачката, туку на сите оние кои евентуално би дошле на концертот, – изјавила адвокатката на компанијата „Big Daddy“ која го промовирала концертот.

Напиши коментар