ШоуБиз

Нема место за вулгарни реклами на ТВ :)

Видеото во кое четири девојки грабнуваат една жена и ја претвораат во една од нив, било премногу провокативно за да се емитува на телевизија.

Марката на долна облека „Agent Provocateur“ снимила реклама во која четири девојки кои се облечени во секси облека, киднапираат една жена од нејзиниот дом и ја приспособуваат кон сопствениот начин на живот. Иако засега рекламата не се емитува на телевизиските станици, сеуште може да се погледне на „ЈуТјуб“.

Американската агенција која ги контролира стандардите за реклами решила дека оваа реклама не е соодветна за прикажување пред секаква публика.

Главните задолжени за линијата долна облека изјавиле дека во рекламата нема ништо вулгарно и дека на некој начин, оваа реклама им е посветена и на хорор филмовите.

http://www.youtube.com/watch?v=dZco9Tln-Yw&feature=player_embedded&oref=http%3A%2F%2Fs.ytimg.com%2Fyt%2Fswfbin%2Fwatch_as3-vflqsO0OE.swf

 

Напиши коментар