Здраво тело

Немојте да спиете веднаш по вечерата

Резултатите од едно неодамнешно истражување во Грција покажале дека ризикот од мозочен удар е зголемен доколку спиете веднаш после вечерата.

Научниците испитувале 500 пациенти од кои половина имале доживеано мозочен удар, а другата половина имала акутен корнарен синдром. Во една група се наоѓале оние кои оделе на спиење 60 до 70 минути по вечерата, додека припадниците на другата група веднаш по вечерата оделе на спиење.

Истражувањето покажало дека оние од втората група имаат 66% поголеми шанси да добијат мозочен удар, додека оние од првата група се засштитени.

„Кога јадеме се менува нивото на шеќерот во крвта, нивото на холестеролот, циркулацијата. Овие привремени промени може да влијаат на ризикот од мозочен удар. Студијата вклучила релативно мал број на пациенти, па затоа ќе мора дополнително да се проучува“, истакнал научникот Дејвид Холмс.

Напиши коментар