Bridal

Необична колекција на венчаници во стилот на 20тите години од минатиот век

Доколку ве инспирира стилот на 20тите години на минатиот век, добар избор за вас е новата пролетна колекција на дизајнерската куќа Фабијан.

Оваа колекција изобилува со венчаници кои отскокнуваат од традиционалните венчаници кои се носат денес, односно во неа ќе најдете мини фустани, па дури и пантолони.

Фустаните на Фабијан се изработени од најквалитетните материјали и отскокнуваат со својата уникатност и женствени детали. Изберете една од овие венчаници доколку сакате да имате ретро и шик изглед.

 

Напиши коментар