Ви претставуваме една навистина интересна колекција на венчаници, која модните критичари ја оценија како младешка, полна со свеж пролетен дух, необична и храбра.
Станува збор за пролетната колекција на Луиза Бекарија, која креираше колекција на венчаници која отстапува од традиционалните норми и е наменета за оние кои сакаат нешто поразлично за својата свадба.
Освен бели, во колекцијата ќе најдете и сребрени, светло розеви и многу други нијанси на бои, како и интересна комбинација на материјали. Избирањето на фустан од оваа колекција ви ветува дека ќе изгледате необично, но прекрасно и дека ќе останете запаметени.





