Bridal

Необични венчаници од Михаел Чинко за невести со бујна фантазија

Кога станува збор за прекрасните детали и венчавките изработени до совршенство, тогаш се појавува името на дизајнерот Михаел Чинко.

Михаел Чинко е дизајнер на венчаници кој креира венчаници кои буквално може да се најдат во музеј, бидејќи се вистински ремек дела. Она што го отсликува Чинко е фактот дека задниот дел на венчаниците е исто така прекрасен и направен во многу детали како и предниот дел на самиот фустан.

Чинко неодамна ја претстави својата најнова пролетна колекција „Недопирливиот сон на Мадам батерфлај“, кој со својата убавина не остави со подзината уста.

Напиши коментар