Здраво тело

Необични здравствени совети кои ќе ви помогнат

Сите ние знаеме дека за добро здравје треба да јадеме многу овошје, зеленчук, да сме физички активни, да имаме здрав живот. Но во последно време се појавија и некои необични здравствени препораки.

Мирисот од јаболка ја убива главоболката

Важноста да внесуваме овошје ја знаеме, но дали знаевте дека мирисот од јаболка може толку многу да помогне? Кога ќе почувствувате главоболка помирисајте јаболко.

Разбијте ја монотонијата и ќе ослабете

Суштината е да ја избегнете монотонијата. Правете секој ден нешто различно, окупирајте го мозокот со различни активности и така ќе ја изгубите неконтролираната желба за храна.

Чоколадното млеко ја враќа енергијата

По напорното вежбање напијте се една чаша чоколадно млеко. Протеините од млекото ќе помогнат за опоравување на уморните мускули, додека пак чоколадата на вкусен начин ќе ви ја вратат изгубената енергија.

Високите потпетици се добри

Ова е совет кој жените едвај го чекаат. Според едно истражување носењето на високи потпетици е одлична превенција против артритис и болки во колената.

Напиши коментар