Убавина

Необичните beauty трикови на Миранда Кер

Sвездите даваат големи пари за својот изглед. Купуваат скапи козметички средства, посетуваат скапи салони за убавина… но, некои од нив сепак достојно ги почитуваат старинските методи на разубавување кои се темелат на чисто природни состојки.

Една од нив е и преубавата Миранда Кер. Таа за својот тен користи масло од шипинка. Лицето го чисти и негува со ова природно масло кое одлично ја храни кожата.

Трепките ги извиткува со лажица, избегнувајќи да ги кине и оштетува трепките со извиткувач.

Околу очите нанесува гроздова маст, наместо скапи креми кои содржат многу хемикалии.

 

Напиши коментар