← НАЗАД НА БОЗА

Неоддоливи омбре усни на неколку начини

Неоддоливи омбре усни на неколку начини
2036 Читања

Пред една година визажистите претставија еден нов, поинакв начин на шминкање на усните. Омбре стилот денес е најактуелен, а може да го прмените при фарбањето на косата, лакирање на ноктите и нанесување на карминот.

Еве како може да постигнете омбре усни и тоа од дома:

На суви усни нанесете малку балзам за да ги омекнете. Оставете неколку минути за убаво да се впие балзамот, а потоа со хартиено марамче отстранете го вишокот.

Внимателно со моливче исцртајте ги усните. Со кармин пополнете ја внатрешноста. Потоа со моливче поминете преку работ на усните за визуелно да ги здебелите. На крајот нанесете малку сјај.

За да го постигнете омбре ефектот моливчето и карминот треба да се во различна боја.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk