Мода

Неодолива колекција накит од Анџелина Џоли…

Во соработка со Роберт Прокоп, прочуената актерка ја дизајнираше оваа единствена колекција накит, која ќе се најде во продавниците пред официјалната летна сезона…

Новата колекција накит е изработена од специјални видови камења, надополнети со златни детаљи. Поради специфичниот изглед и името на популарната актерка,тимот кој учествуваше во целокупната кампања, одлучи дека колекцијата ќе биде достапна само за американскиот пазар, Кина, Русија и Турција.

Што се однесува до парите од продажбата, истите ќе бидат вложени во развој и собирање средства за партнерство за образование на децата како и за изградба на училиште во Авганистан. Накитот ќе биде изложен во Јули и Август, на специјална егзебиција во Париз.

Креативниот тим на оваа блескава колекција истакнува дека преку овие модни детаљи, секоја жена ќе изгледа како вистинска дама, токму како Анџелина Џоли…

Write A Comment