Sweet Home

Неодоливата фотелја која заштедува простор…

„Hollow chair“ е фотелјата со повеќестран карактер и оригинален облик која може да го украси било кој комерцијален, станбен или друштвен простор…

Фотелјата која заштедува простор е направена од канадскиот дизајнер Џадсон Бемонт. Истата е една од многуте интересни креации на овој креативен дизајнер. На корисниците им овозможува слободен простор во внатрешноста на фотелјата. Било да е исполнета со шишиња, пешкири, книги или магазини, оваа креативна и корисна фотелја ќе стане одличен додаток во секоја просторија. Предноста не е само во фотелјата, туку во просторот кој ќе се пополни. Фотелјата може да биде и куќичка за Вашето домашно милениче.

Направена е од 618 поединечно сечени парчиња дрво. Ова е елегантна и модерна фотелја со едноставен и ефикасен облик и дизајн. Неверојатното парче мебел овозможува простор за сите предмети кои ни се потребни, од книги до играчки… Така им помага на своите корисници да имаат се на едно место.

Оваа фотелја е дизајнирана да ја „ исклучи “ непотребната маса и тродимензионалниот печат кој го дава традиционалната фотелја. Тоа е начинот на кој дизајнерот ја објаснува нејзината инспирација и употреба.

Напиши коментар