Мода

Неодоливи колекционерски примероци со потпис на Miu Miu

Познатиот моден бренд ја лансираше својата прва лимитирана серија чанти, по повод почетокот на New York fashion week.

Во вистински консумеристички дух, брендот Miu Miu ја лансираше новата линија чанти, почнувајќи со 16 нови примероци. Останатите ќе бидат промовирани во Лондон, Милано и за крај, во Париз.

Вкупно 46 чанти доаѓаат во ист облик,меѓутоа уникатниот материјал е она по што истите се разликуваат. Некои доаѓаат во комбинација со животински принт и крзно, а некои принтови на кожа се комбинирани и со разновидни светки.

Првите 16 серии се достапни со следниве фотографии, а после промоцијата на останатите чанти, ќе Ви ги обезбедиме сите најнови возбудувања што ни ги нуди овој бренд. Цената на овие убавици е 1.495 долари, што не веруваме дека ќе биде проблем за вистинските Miu Miu колекционери.

Напиши коментар