Мода

Неонските бои ќе бидат актуелни оваа сезона

Впечатливите неонски бои од осумдесетите оваа сезона буквално ги окупираа модните писти како вистински предизвик за оние кои се храбри и имаат впечатлив стил. Неонските бои се најдоа во пролетните колекции на Марк Џејкобс, Мајкл Корс, Дијана Фон Фустенберг, Проенца Шулер и многу други, но и во колекциите на брендовите како H&M и Зара.

Со неонските бои може да бидете навистина креативни. Може да ги искомбинирате со црна, бела или некоја неутрална боја. Неонската жолта, портокалова, розева и зелена ќе внесат свежина во вашиот изглед и ќе ве направат повпечатливи. Соколку сакате да внесете неонски бои во вашиот стил, ви предлагаме тоа да го направите преку накитот и аксесоарите и чантите, а облеката да ја задржите во некоја неутрална боја, за да не изгледате пренападно.

Овој нов тренд особено ќе ги израдува оние кои сакаат да експериментираат со својот стил и оние кои сакаат силни бои за уште поведра и повесела пролет.

 

Напиши коментар