Мојата кујна

Непечен колач од мелени бисквити

Потребни состојки:

  • 400гр. Шеќер
  • 250гр. Маргарин
  • 250гр. Мелени бисквити
  • 100гр. Кокосово брашно
  • 1дл. Рум
  • Малку екстракт од ананас

Глазура:

  • 80 гр. Маргарин
  • 4 штангли чоколадо

 

Начин на поодготовка:

Се варат 400гр. Шеќер и 1 дл. вода, така што треба да се добие сируп. Се додава во сирупот маргарин и се меша се додека не се истопи маргаринот. На оваа смеса се додава 250 гр. мелен кекс, 100 гр. кокосово брашно, 1 дл. рум, малку екстракт од ананас. Се добро се замешува и на чинија намачкана со маргарин се реди колачот, обликуван по желба. Потоа секој колач се прелева со глазура.

Глазура:

Се матат пенасто 80 гр. Маргарин, потоа се додаваат 4 штангли растопено чоколадо, се мати се додека не се добие воедначена смеса.

Напиши коментар