Потребни состојки:
- 400 гр. шеќер
- 250 гр. маргарин
- 250 гр. мелен кекс
- 100 гр. кокосово брашно
- 1 дл. рум
- малку екстракт од ананас
Глазура:
- 80 гр. маргарин
- 4 штангли чоколадо
Подготовка:
Растопете 400гр шеќер со 1дл вода, така што ќе добиете сируп. Додајте го маргаринот и мешајте додека не се растопи. На оваа смеса додадете 250г мелен кекс, 100г кокосово брашно, 1дл рум, малку екстракт од ананас. Се тоа добро измешајте го и на чинија намачкана со маргарин ставете го колачот и обликувајте го по желба. Потоа прелијте го со глазурата
Глазура: Изматете го маргаринот, па додадете 4 штангли омекнато чоколадо, матете се додека не се добие изедначена маса.
