Мојата кујна

Непечен колач со мелен кекс

Потребни состојки:

  • 400 гр. шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. мелен кекс
  • 100 гр. кокосово брашно
  • 1 дл. рум
  • малку екстракт од ананас

Глазура:

  • 80 гр. маргарин
  • 4 штангли чоколадо

Подготовка:

Растопете 400гр шеќер со 1дл вода, така што ќе добиете сируп. Додајте го маргаринот и мешајте додека не се растопи. На оваа смеса додадете 250г мелен кекс, 100г кокосово брашно, 1дл рум, малку екстракт од ананас. Се тоа добро измешајте го и на чинија намачкана со маргарин ставете го колачот и обликувајте го по желба. Потоа прелијте го со глазурата

Глазура: Изматете го маргаринот, па додадете 4 штангли омекнато чоколадо, матете се додека не се добие изедначена маса.

 

 

Напиши коментар