Bridal

Неповторлива колекција на Марчеса со многу свадбени креации

Марчеса ја престави својата најнова колекција за сезоната есен/зима 2012-2013 година, која е инспирирана од портретот на познатиот француски сликар Вилијам Адолф Бургуеро наречен „Душа донесена во рајот“. Освен гламурозните фустани, колекцијата вклучува и прекрасни венчаници кои едноставно го одземаат здивот со својата убавина и раскошен дизајн. Во колекцијата ќе најдете фустани во бела, шампањ, златна и сребрена боја, со прекрасни рачно изработени чипки и везови, а особено воодушевува нежниот снежно бел фустан направен само од пердуви.

 

Напиши коментар