Непознат дечко се појавил пред куќата на Ким Кардашијан цврсто убеден дека ќе остане да живее со неа засекогаш. Подолго време и ѕвонел на телефон и тврдел дека самата Ким го повикала да соработува со неа на фамилијарното шоу на семејството Кардашијан.
Извори блиски на познатото семејство велат дека Ким полудела од страв кога мажот одбил да си замине од дворот на нејзината куќа. На крај, морале да реагираат телохранителите на Ким и да го истераат со сила, а случајот да го пријават во полиција.
Засега, сеуште не е познат идентитетот на дечкото.
