Motherhood

Нешта кои сакам мојот син да ги знае…

После текстот наменет за ќерките, под наслов „ Нешта кои сакам мојата ќерка да ги знае “, направивме листа од нешта која секоја мајка би сакала нејзиниот син да ги има на ум….

Во денешно време (не)културата и површноста за  родителите се голем предизвик, за да го изведат своето дете на вистинскиот пат и од него да направат голем човек, кој ќе ги направи горди…

Навистина ќе му помогнете на Вашиот син, ако му го кажувате следново:

1. Играј си. Цртај. Создавај … Слободно експериментирај и создавај уметност. Не грижи се за дамките на твојата облека, мама ќе ги испере… Задржи ја желбата да создаваш, цел живот !!!

2. Играј си надвор !!! … Излегувај надвор што е можно почесто. Вдиши свеж воздух. Вози велосипед. Скокај. Трчи. Качувај се на дрвја… Сето тоа е супер, подоцна ќе ти недостига !!!

3. Прифати ги другите онакви какви што се… Денешните деца како намерно да сакаат да се малтретираат едни со други… Тоа треба да биде нешто како „ cool “ ??? Не !!! Не е важно дали некој е бубалица, носи очила, навива за тимот кој не го сакаш… другарството е најважно !!!

4. Ти си навистина Спајдермен !!! … Барем за мене – си !!! Ги имаш сите натпросечни способности и сила … И навистина ти стои убаво маската на Спајдермен… За мене си Спајдермен и точка…

5. Во ред е и да се плаче … Тоа е сосем нормална и емотивна ситуација. Сите плачеме… Дури и возрасните мажи плачат. Кој вели дека не плаче – лаже !!!

6. Секогаш биди горд на твоите успеси!!! … Можеби нема да бидеш светски првак во тенис или нема да играш во фудбалската репрезентација или нема да свириш во познат рок бенд… Тоа не е важно !!! Сé додека си она што си и го работиш она што го сакш – ти си успешен !!!

7. Не срами се да напишеш љубовно писмо … Верувај ми дека девојчињата ќе паднат на тоа… Прашај го само татко ти…

8. Работи по дома … Пред да пораснеш и да создадеш свој дом, треба да ги научиш следниве нешта: како да одвоиш, испереш,  испеглаш, здиплиш, да избришеш прашина, да зготвиш по нешто, како да ги искомбинираш виното и храната… Твојата идна сопруга ќе ми биде благодарна за ова!!!

9. Биди одговорен возач … Не е проблем да одиш било каде, но биди одговорен возач и совозач … Заборави на алкохол и возење… Заборави на возење кога си уморен !!!

10. Пронајди ја твојата страст … Барај, барај… И не се откажувај !!!

11. Биди нежен … Спрема брат ти, сестра ти, другарите… Подоцна и спрема твојата понежна половина…

12. Панталоните се носат на половината !!! … Којзнае до каде ќе стигне модата кога ќе пораснеш, но не е оправдано на момчињата да им се гледаат гаќите… Навистина го мислам тоа… И јас имам возрасни другари на кои тоа им се случува, но не е cool, верувај ми…

Исполни ги моите барања… Нека не бидат заповеди… Само мали лекции кои ќе ти го направат животот поубав, а тебе… човек кој секој ќе го почитува…

Мама ќе те сака и поддржува и покрај сé..

Напиши коментар