Здраво тело

Нешто што би требало да го јадеме секојдневно!

Во денешно време жените сé почесто доживуваат мозочен удар. Статистиките покажуваат дека мозочниот удар е се повеќе застапен кај младите девојки. Причина за тоа е стресот, високиот крвен притисок, излив на крв, претерана консумација на алкохол, пушење, недоволна физичка активност, неправилна исхрана…

За да се заштитиме од оваа појава треба да внимаваме на исхраната и на здравиот начин на живот. Ова се неколку додатоци во исхраната кои би требало да ги внесуваме секојдневно за да не дојде до поголеми здравствени проблеми:

Калциум

Калциумот помага да се намали покачениот крвен притисок.

Магнезиум

Исто како и калциумот, и магнезиумот го регулира крвниот притисок.

Селен

Доколку во организмот ја нема доволната количина на овој многу значаен минерал постои вистинска опасност од мозочен удар со фатални последици.

Фолна киселина

Фолната киселина е исклучително ефикасна за снижување на нивото на хомоцистеин.

Лук

За да ги внесете сите претходно наведени потребни витамини и минерали треба да јадете лук.

Рибино масло

Ова масло ја намалува лепливоста на крвта и нивото на триглицериди, со што на тој начин се намалува можноста од инфаркт или мозочен удар.

Коензим Q10

Овој коензим е антиоксиданс кој исто така помага во намалувањето на покачениот крвен притисок.

Напиши коментар