Потребни состојки:
– 6 белки
– 16 лажици шеќер
– 5 лажици мелени ореви
– 12 лажици брашно
– 300 гр нестле чоколада
– пола маргарин
– 1 л млеко
– 18 жолчки
– 250 гр шеќер во прав
– 200 гр какао
– 1 маргарин
– 300 гр шлаг
Подготовка:
Потребно е да испечете 3 кори. За корите потребно е да изматите 6 белки, 6 лажици шеќер, 5 лажици мелени ореви и 2 лажици брашно.
Корите испечете ги и оставете ги да се изладат.
Растопете ги чоколадите со половина маргарин. Кога ќе се изладат корите прелијте ги со чоколадниот прелив. И оставете да се стегне чоколадата.
За филот сварете го млекото со 18 жолчки, 10 лажици шеќер и 10 лажици брашно. Оставете го филот да се лади. Во меѓувреме изматете го маргаринот со 200 гр шеќер во прав и со 200 гр какао. Додадете го овој фил во кремот и убаво измешајте. Посебно изматете 300 гр шлаг со кисела вода, така што ќе биде поцврст од вообичаено.
Чоколадната кора премачкајте ја со фил, па ставете од шлагот, и повторете ја постапката со преостанатите кори и фил.
