Доколку не го поднесувате мирисот од цигари во Вашиот дом, проветрувањето нема многу да помогне…Пробајте во шолја за чај да ставите алкохол и додадете две коцки шеќер. Гледајте ова да не биде достапно за Вашите деца.
Пепелта најчесто лесно излегува, но остануваат бели дамки. Доколку ова се случи, истурете малку шеќер и исчеткајте.Дамката ќе исчезне. Пред излегување од дома задолжително фрлете ги остатоците од цигарите. Тие често пати знаат да предизвикаат дури и пожар.
Во соба со пушачи последицата од собирот е димна завеса. За да ја избегнете опасноста, во аголот од собата ставете чаша со алкохол и камфор. Ако можете, запалете и свеќи.
