Убавина

Невен за убаво лице, помалку стрес и добро здравје

Малото убаво портокалово цветче е толку моќно, што може да ве ослободи од стресот, да ја направи вашата кожа мека и убава…

Невенот се препорачува особено на оние кои имаат проблематична и чувствителна кожа. За нив се препорачуваат креми кои содржат невен.

Направете инхалација со невен. Освен тоа што ќе ги смири воспалените синуси, ќе го освежи вашето лице.

Може да направите и купка со невен. Во када полна со топла вода ставете една рака суви цветови од невен. Кожата ќе биде неверојатно мека, а тоа ќе го забележите и на сувите делови каде кожата се задебелува, како на пример лактите, петите и слично. Оваа купка загарантирано ќе ве опушти и ќе ве ослободи од стресот.

 

Напиши коментар