Дестинации

Неверојатниот парк Yosemite

Вљубеникот во природата и фотографијата, Шон Ридер, направи петминутно видео на националниот парк Yosemite. Видеото претставува мозаик од речиси 7.000 фотографии…

Голем дел од паркот го сочинуваат прекрасни делови како: El Capitan, Half Dome, Tenaya Peyak, Yosemite Falls, Bridal Veil Falls…

Впрочем, Шон Ридер истакна дека ова место прилично го променил неговиот живот. Веќе 11 години го посетува за време на летниот период, дури и изјавува дека ова е неговиот втор дом.

Поради тоа, одлучи да го сподели неговото видео со остатокот од светот. Негова цел е  да ги инспирира другите да сфатат колку убавини постојат на овој свет…

Напиши коментар