Дизајнерската куќа Ст.Пучи ја претстави својата најнова пролетна колекција на венчаници, и тоа во навистина интересна фотосесија.
Во оваа колекција ќе најдете прекрасни балски фустани со големи здолништа, елегантни венчаници припиени до телото, а сите тие украсени со рачно изработена чипка, пердуви, бисери, монистри и кристали.
Освен самите венчаници, Ст. Пучи понуди и голем избор на велови и шешири направени во стилот на самите дизајни.














