Убавина

Неверојатно: Просечната жена во својот живот започнува 61 диета …

Жените во поголем дел од животот се на некоја диета…

Аткинсова, UN, Орниш, кашеста, со супа од зеленчук, водена, месечева, швајцарска, О2, Дукан, Матељанова, Зона диета… и разни режими на исхрана кон кои се „ придржуваат “ жените и немаат крај…

Поточно, британско истражување спроведено на над 2000 луѓе, покажало дека дури ¾ од нив биле на диета минатата година. За разлика од мажите, жените се тие кои со задоволство ги прифаќале режимите на исхрана кои ветуваат витка половина и  рамен стомак.

Изненадувачки, жена со просечна возраст од 45 години, во својот живот била на 61 диета…

Се чини дека британската опсесија со диети би можела да има штетно дејство на нашиот прехрамбен внес, бидејќи многу ја губат од вид храната која значи здрава и балансирана исхрана, предупредува британската лекарка Хилари Џонс.

Всушност, испитаниците помлади од 26 години не ни биле свесни за важноста на улогата на калциумот во исхраната, а шест од десет испитаници кажале дека дури нивните малечки ги молеле да не ги хранат со леб, компир и овошје, бидејќи сметале дека се лоши за нивното здравје. Дури половина од родителите постапиле по волјата на нивните деца…

Дали Вие се препознавте во категоријата тркачи на кратки патеки, кога се во прашање диетите?

Дали може да утврдите колку пати ги имате започнато… И колку од нив резултирале со упорнoст ???

Напиши коментар