Здраво тело

Неверството го зголемува ризикот од срцев удар

На секои шест минути во светот умира по една личност од срце. Иако сите знаат дека цигарите, алкохолот и малата физичка активност се главни причинители за срцев удар сепак не сте знаеле дека неверството исто така влегува во оваа листа на причинителите.

Ова се останатите причинители за срцев удар:

Неверство

Истражувачите откриле дека женетите мажи  кои ги изневериле своите сопруги имаат поголема шанса да доживеат срцев удар од верните мажи. Како причина се наведува фактот тие водат несреќен живот каде депресијата ги зголемува овие шанси.

Одењето во кревет доцна навечер

Јапонците направиле едно истражување со кое дошле до заклучок дека мажите кои легнуваат во кревет касно во ноќта имаат поголеми шанси за срцев удар. Како причина се наведува фактот дека тие мажи имаат стеснети артерии.

Дехидрираност

Во истражувањето кое било направено на 20.000 здрави мажи се докажало дека оние кои ќе испијат по пет чаш вода на ден имаат помали шанси да доживеат срцев удар.

Секс без заштита

Кламидија е сексуално пренослива болест која исто така може да предизвика срцев удар. Научниците од Канада објасниле дека оваа полова болест влијае на лошиот имунитет, што се одразува на срцето.

Осамениот живот

Луѓето кои живеат сами имаат дупло шанси да доживеат срцев удар. Тие спровеле истражување на 138.000 возрасни луѓе и откриле дека мажите кои имаат над 60 години и живеат сами многу повеќе доживувале инфаркт.

Брзо станување

Кога нагло станувате со брзање доаѓа до кардиоваскуларни пореметувања, заради кои лекарите советуваат да се станува од кревет полека.

Напиши коментар