Несреќните луѓе имаат зголемена телесна маса, тврдат психијатрите од Универзитетот Мичиген. Се докажало дека дебелите мали деца, се дебели не само затоа што живееле со дебели родители туку истовремено имале и психички проблеми.
Парчето вкусна храна го компензира недостатокот на задоволства!!!
Студијата вклучувала 125 деца, на кои им се следела тежината од раното детство до полнолетството, и притоа е констатирано дека дебелите деца имале одредени пореметувања на психолошки план, разведени родители, кавги во семејството итн. Животното незадоволство се манифестирало со грицкање на нокти и внесување на зголемена количина на храна.
Малите „животни радости“ како што се вкусните торти и јадења, во средните години го компензираат животното незадоволство, што пак е директна причина за зголемена тежина.
