Убавина

Нежен маникир: Деликатен цвет на бела основа

Прекрасна маникир идеја што на прв поглед можеби ќе ви се види комплицирана за изработка, меѓутоа не е така, ние пробавме и навистина лесно се прави и изгледа одлично. Основата се нанесува во два слоја за да биде добро изедначена бојата и откако добро ќе се исуши почнуваме да цртаме со потенка четка со портокаловиот лак. На крај нанесуваме од сребрениот лак но откако портокаловиот добро се исуши. Наместо портокалова, можете да изберете друга боја за цветот. На фотографијата најдолу ќе видите како изгледа со виолетова боја во комбинација.

 

 

Напиши коментар