Познатиот дизајнер на венчаници Дејвид Тутера ја претстави својата најнова пролетна колекција на венчаници, и овојпат наменета за оние кои сакаат да бидат елегантни и отмени невести.
Колекцијата на венчаници, наречена Mon Cheri односно Моја Драга е инспирирана од стилот на француските дами – едноставни но елегантни. Оваа колекција може да послужи како инспирација за оние дами кои сакаат да изгледаат отмено и со класа – како вистинска дама.
Поголемиот дел од фустаните се направени да ја истакнат женственоста и облините на телото, а се украсени со нежни украси кои уште повеќе ја истакнуваат нежната и романтична убавина на невестата.










