Мода

Ни претстои пролетна сезона со шарен и интересен накит

Пролетта само што не пристигнала, па време е да почнеме да размислуваме за нашиот имиџ во пролетните денови.

Топлото време со себе носи и широк спектар на бои кои во престојната сезона ќе бидат присутни насекаде, а особено кога станува збор за пролетниот накит, кој оваа сезона ќе биде шарен, со посебен акцент на цвеќињата. Ланчиња ќе бидат составени од крупни елементи, прстените шарени и гломазни, а обетките впечатливи и големи.

Пролетниот накит кој го претставија дизајнерите за оваа сезона дефинитивно најмногу ќе им со допадне на најхрабрите и на оние кои сакаат шаренило и сакаат да експериментираат. 

Напиши коментар