ШоуБиз

Nicki Minaj и Пепси го враќаат светот во живот!

Пејачката Nicki Minaj е дел од првата глобална рекламна кампања на Пепси со наслов „Live for Now“. Во рекламата, Nicki се замрзнува за време на нејзиниот концерт, а оживува кога една двојка отвора лименка со газиран пијалак, се разбира Пепси.

Раперката не можела да издржи, а да не сподели со своите фанови колку е пресреќна што е дел од оваа кампања, па на Твитер ставила линк од едноминутниот спот на кој има ремикс од нејзината песна „Moment for Life“. Додава и дека финалната верзија на рекламата ќе трае само 30 секунди.

Покрај Minaj, Пепси има склучено договор и со продуцентската куќа на Michael Jackson со кој им се дозволува да ја користат неговата слика за маркетиншки цели и славење на 25 години од албумот и турнејата на кралот на поп музиката со наслов „Bad“.

Погледнете ја инспиративната реклама:

http://www.youtube.com/watch?v=CcOkvG4ls1Q&feature=player_embedded

Напиши коментар