Nicole Scherzinger (33) во едно интервју изјавила дека едвај чека да се омажи за возачот на Формула 1, Lewis Hamilton.
Интревјуто го пренесува британскиот таблоид „Sun“, а во него поранешната пејачка од групата „Pussy Cat Dolls“ открива дека доколку Lewis (27) ја запроси, одговорот секако би бил потврден.
– Сакам да се омажам за него, но тоа не зависи само од мене, – изјавила пејачката која од неодамна е повторно со Формула 1 возачот, а беа разделени цели четири месеци поради пренабиениот распоред и на двајцата.
Nicole додала и дека на драго срце би му родила деца на Hamilton, така што сега се чека само на него да направи чекор.
