ШоуБиз

Nicole Sherzinger ги засени сите на црвениот тепих!

Nicole Scherzinger и Lewis Hamilton ги решија сите дилеми околу нивната врска. Откако парот не беше заедно кон крајот на минатата година, сега тие се смирени и се чинат посреќни од било кога. Тоа го покажаа и на премиерата на најновото продолжение на филмот „Луѓе во црно 3“ во Лондон.

Една од улогите во овој филм ја игра и Nicole, која на премиерата ги засенила сите присутни. Се појавила во предизвикувачки црн фустан во придружба на своето момче. Се работи за атрактивен фустан со потпис на Abazogl, кој има длабок засек најинтересен за папараците.

Со подигната коса и црвен кармин, како и високи потпетици на Guiseppe Zanotti, пејачката само го надополнила изгледот и уште еднаш покажа дека е вистинска модна икона.

Напиши коментар