Убавина

Никогаш не сте помислиле дека од ова може да ви пораснат мустаќи

Ако јадете премногу колачи не само што ќе се здебелите, туку и ќе ви пораснат мустаќи и влакна по телото.

Дознајте што се може да ве направи повеќе влакнеста:

Расата е еден од факторите. Освен тоа, може да биде и наследно, ако има некој од фамилијата логично е да биде наследено. Но, покрај ова има и некои други причинители за кои никогаш не сте помислиле дека може да резултираат со ваква појава.

Колачи

Доколку јадете преголема количина на слатки, рафинирани јаглехидрати тоа може да биде причина за да бидете влакнеста. Оваа храна има висок гликемиски индекс, што значи дека испушта енергија нагло и брзо и предизвикува нерамнотежа на инсулинот.  Овој хормон станува помалку делотворен при намалување на шеќерот во крвта, па телото е приморано да лачи додатна количина на инсулин. Проблемот настанува бидејќи зголемента количина на инсулин го поттикнува растот на влакната, јајниците произведуваат поголема количина на “машкиот” хормон тестостерон, а тоа доведува до влакнетост.

Освен слатките, причинители се: полицистични јајници, кожната болест егзема, анорексија, стероиди, менопауза…

Напиши коментар