Motherhood

Никогаш нема да „правам“ деца !!!

Секој ја има кажано оваа реченица барем еднаш во животот…Вие сте сигурно еден/а од 100-те проценти „жртви“ на општествените и љубовните „неправди“ !!!

И додека некои се борат со стерилитетот и државите најчесто поттикнуваат ширење на семејството, постои група на луѓе кои цврсто се држат до одлуката никогаш да немаат деца.

Пред Вас во кратки црти се прераскажани мислењата и ставовите за оние кои се длабоко убедени дека никогаш нема да „прават“ и чуваат свои деца…

Според последните истражувања и статистики секој 7 човек на планетата нејќе и е одлучен во одлуката никогаш да нема деца.

„Имам одличен живот, уживам во егзотичните патувања, во „мрзливите“ викенди со својот сопруг. „Додавањето“ на некој трет во нашиот живот само би ги разнишало нашите односи и хармонија… секако дека доколку се одлучиме за бебе животот може да биде многу поубав и поинтересен… но јас не сум спремна да ризикувам.

„Да имаш деца значи дека носиш одлука да живееш со играчки, пелени, пумпици за гради… хроничен недостаток на сон. Може звучи себично, но јас се сакам себеси и знам дека не би бил добар родител доколку сум постојано несреќен.

„Јас немам ништо против да се има семејство и многу, многу бебиња но ако јас можам да преживеам живејќи на начин како јас ќе посакам, да сум среќна кога мојата пријателка е бремена, да и се радувам на секоја слика на ултра звук, да ја утешам кога и е тешко, тогаш нека ме разберат и мене… жената која секогаш ќе организира вечерни забави за пријателките, која секогаш ќе биде со нив кога ќе им бидам потребна и која се грижи за пренаселеноста во светот :)“

Според одредени статистики 6 проценти од светската популација не се одлучуваат за бебе поради економски неповолности, но истите не влегуваат во групата на оние кои не сакаат да бидат родители.

Се поставува прашањето дали семејството е семејство без деца. Некои живеат до крајот на живото со својата одлука дека не сакаат деца, други се принудени да створат семејство иако тие не се сакаат, односно се принудени да живеат со туѓа одлука.

Луѓето кои се одлучни дека нема да имаат деца често од заедницата се дефинирани како „јалови“. Дали тоа преставува дискриминација ???

Секој има право да одлучува за својот живот… Ваша ќе биде одлуката за Вашата иднина !!!

Напиши коментар