ШоуБиз

Никој не сака да ги купи голите слики на Marilyn Monroe!?

За жал, голите слики на Marilyn Monroe, за кои се верува дека се дел од нејзиното последно снимање и се направени шест недели пред нејзината смрт во 1962 година, не успеале да бидат продадени на една аукција одржана пред два дена.

Колекцијата „Marilyn Monroe – Last Sitting“ е проценета на помеѓу 18.000 и 25.000 долари, меѓутоа не успеала да ја достигне оваа однапред утврдена цена. Засега ауkцијата е прогласена за неуспешна.

Фотографиите ги направил Bert Stern за време на маратонското сликање за списанието „Vogue“ во 1962 година. На една слика, Marilyn држи чаша шампањ во раката и лежи на кревет, а на друга, со голи гради и подигнати раце гледа во обејктивот.

 

Напиши коментар