Убавина

Никол има неколку едноставни совети за вас

Таа е убава, згодна, секси… ова се нејзините ритуали за убавина. Многу едноставни…

Краставици

Секое утро ставете облоги на лицето и очите од тенки кришки краставица. Тоа ќе го намали отокот и ќе го избрише уморот од лудата ноќ.

Пилинг од мед и шеќер

Измешајте една лажица мед со една лажица шеќер. Измијте го лицето, но не го бришете. Загрејте ја мешавината во микробранова околу 5-6 седунди и потоа нежно истријте го лицето. Потоа измијте се со млака вода и ставете ја вашата крема за лице.

Третман за коса со маслиново и есенцијални масла

Земете екстракт од маслиново масло и загрејте го. Додајте неколку капки од есенцијално масло од лаванда и неколку капки рузмарин. Најпрво нанесете на врвовите, а потоа и по целата коса. Убаво измасирајте го коренот со прстите. Оставете да делува најмалку половина час, со кеса на главата. Потоа измијте ја косата по нормален редослед.

 

 

Пилинг за тело од морска сол и масло

Во еден пластичен сад измешајте шолја морска сол, маслиново масло и неколку капки масло од лаванда, ментол и рузмарин. Ова ќе и даде се што е потребно на вашата кожа за да биде еластична, мека и убава.

Балзам за усни од какао путер и пеперминт

Измешајте еднаква количина на маслиново масло или бадеми и какао путер. Додајте малку мед и неколку капки масло од пеперминт. Загрејте го во микробранова 10-15 секунди и убаво измешајте. Ставете го во фрижидер за да се излади. Ова е балзам кој ќе се грижи за вашите усни и ќе им даде секси вкус.

 

Напиши коментар