Никол Кидман е актерка од прва класа, а тоа го докажуваат и бројните награди кои ги има добиено. Работи со полна пареа, се има остварено како семејна жена, но за себе вели дека е досадна. Тоа го изјавила за време на доделувањето на наградите „Златен глобус“ каде воедно се појавила и со малку дискутабилен фустан.
– Навистина сум досадна личност. Кога излегувам воопшто не пијам алкохол, туку само минерална вода, – се нашалила Кидман на своја сметка.
Фустанот во кој била облечена е дело на модната куќа Версаче, но многумина ги искритикувале од причина што на него има доста садо-мазо елементи во пределот на градите. Проценете и самите дали Кидман е доволно секси и дали облеката ѝ е во склад со настанот.