ШоуБиз

Никол Кидман во тешка депресија после разделбата со Том Круз!

Еден од лошите периоди во животот на Никол Кидман бил периодот кога бракот со нејзиниот поранешен маж Том Круз завршил, после кој Никол се здобила со депресија која траела со месеци.

Таа се омажи со Том Круз во 1990тата годна на само 23 години. Двојката посвои две деца пред нивната врска да заврши официјално со развод во 2001та  година.
Кидман која сега е во брак со кантри пејачот Кит Урбан признава дека страдала од депресија по завршувањето на својот прв брак.
Во списанието Who таа вели: “Се омажив навистина брзо и бев многу млада, но не жалам за тоа, бидејќи во тоа време ги посвоив Бела и Конери, а освен тоа долго време имав фантастичен брак. Потоа,кога работите почнаа да не одат, јас заглавив емоционално. Но не чувствувам жал за она што се случило, бидејќи тоа е дел од мојот живот “.
Кидман открива дека депресијата се должела на фактот што долги години не успеала да се здобие со сопствени деца, но кога забременила со биолошката ќерка Синди Роуз се се променило.

Напиши коментар