ШоуБиз

Никола Груевски и Бранџелина на иста маса!

Премиерот на нашата земја, Никола Груевски вчера бил во посета на Берлин и тоа на официјален прием по повод десет годишнината од филмското Берлинале, односно фестивалот „Кино за мир“. Наградата за хуманост на церемонијата ѝ била доделена на Анџелина Џоли, која исто така присуствувала на приемот заедно со сопругот Бред Пит.

На вечерата по свеченоста, Груевски ја имал можноста да седне на истата маса со познатата актерка и режисерка, како и со нејзиниот сопруг. Заедно со Груевски биле и министерот за надворешни работи Никола Поповски и шефот на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер.

На масата седеле и Кетрин Денев и Боб Гелдоф. Груевски ја искоростил приликата да ја покани Џоли во наша земја со цел да се запознае со нашите природни убавини од блиску.

Напиши коментар